Во 12 часот продолжува седницата за избор на нова влада, претходно седници за комисиите

Сподели

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени три седници. За во 10 часот е закажано 21-во продолжение на првата седница на чиј дневен ред изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, по што во 11 часот треба да се одржи третата седница за избор на работни тела, а напладне да продолжи втората седница за избор на нова влада.

Предлог одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, е поднесена од пратениците Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски.

Седницата за избор на нова влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.

Во новата влада, според предлогот-составот што го достави мандатарот Заев, министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.