ИСТАНБУЛ (АА) – Во една антитерористичка операција во Истанбул, против терористичката организација ДЕАШ, беа приведени 81 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, екипите на Дирекцијата за борба против тероризмот во рамките на Дирекцијата на полицијата на Истанбул извршиле операција против ДЕАШ во окрузите на Истанбул – Бејликдузу, Башакшехир, Кагитхане, Фатих, Газиосманпаша, Пендик, Гунгорен, како и во градовите Газиантеп, Шанлиурфа, Ерзурум, Киркларери и на 31 адреса во градот Едрене.
Во операциите што се одвиваа истовремено, на споменатите адреси беа приведени 21 лице, од кои 20 се на возраст под 18 години и постојат сомневања дека се водачи на организацијата. Покрај овие, во операциите се приведени уште 60 странски државјани.
Во извршените претреси се запленети голем број странски пасоши, лични карти, 2 пиштола, 200 куршуми, воена камуфлажа, документи на организацијата, како и дигитални материјали.
Од приведените лица, 21 се сомничат дека се водачи на организацијата, дека на организацијата ѝ обезбедиле логистичка поддршка и регрутирале милитани, а 60-те странски државјани имале намера да ги испратат во борбените зони во Сирија со цел да ги лекуваат повредените борци на ДЕАШ.
По процедурите во полицијата, 60-те приведени странски државјани ќе бидат депортирани.