Во Австралија удриле 80.000 громови

Сподели

avstralija-nevreme

Јужна Австралија веќе втор ден се соочува со невреме, поради кое целата таа австралиска држава остана без струја.

Локалните медиуми јавуваат дека удриле околу 80.000 громови, а некои од нив оштетиле струјни генератори. Силните ветришта, пак, оштетиле и урнале повеќе од 20 далноводи.

Во подрачјето на градот Аделаид повторно е воспоставено снабдувањето со струја, но многу зафрлени подрачја и понатаму се во мрак.

 

Иако невремето во Јужна Австралија беше најавено, не се очекувале вакви последици.

Во Аделаид, пешаците и возачите морале да се снаоѓаат в мрак, а возовите и трамваите целосно запреле.

Премиерот на Јужна Австралија, Џеј Ведерхил, рече дека станува збор за екстремни временски услови, а невремето го спореди со по ураганот Сенди, кој во 2012 година го погоди Њујорк.

meta.mk