Под мотото “Љубовта го менува светот” во Белград се одржува Парада на гордоста 2016, која под силно обезбедување се одвива без инциденти. Учесниците веќе се стигнати на плоштадот Република, каде со концерт на познати естрадни звезди, парадата ја завршуваат.
На почетокот на колоната организаторите со знамиња и транспаренти ја започнаа Парадата, со музика и пеење, а голема поддршка низ маршот имаа од некои граѓани кои ги гледаа од терасите.
Оваа година кума на Парада на гордоста беше познатата актерка Мирјана Карановиќ која изјави: “Човечкиот живот е скапоцен, а правото на слободен избор за живот е неприкосновено.”
На Парадата учествуваа сегашни и екс министри и градоначалникот на градот Белград, странските амбасодори, шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот на САД, Германија, Италија шефот на делегацијата на УНХЦР и многу други, кои им дадоа поддршка на учесниците.