Во Бразил во последните 24 часа има 1.200 смртни случаи од коронавирус

Сподели

 

Во Бразил во последните 24 часа има 1.200 смртни случаи од коронавирус што значи дека вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата сега е повеќе од 20.000.

Исто така, има повеќе од 310.000 заразени во земјата, а повеќе од 125.000 оздравеле. Сепак, експертите предупредуваат дека пандемијата не го достигнала својот врв во Бразил, а Светската здравствена организација оваа недела забележа дека Латинска Америка е новиот фокус на пандемијата по Соединетите Држави.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, сè уште ја игнорира опасноста од пандемијата. И покрај постојаниот раст на болните и починатите, Болсонаро продолжува да бара од гувернерот да ја отвори економијата. Покрај тоа, тој пандемијата ја нарече мал грип и учествуваше на неколку протести на граѓаните во Бразил, со барање за отворање на државата.