Во Брисел работен појадок со пријателите од Северна Македонија

Сподели

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос и Теодор Мелескану, министерот за надворешни работи на Романија, чија земја е претседавач на ЕУ, организираат појадок на пријателите на Северна Македонија на 18 март во Брисел.

На средбата, како што јави дописничката на МИА, ќе учествува и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Појадокот ќе се одржи пред Советот за надворешни работи на ЕУ.