Денеска во Брисел продолжува билтералниот скрининг за Кластер 2 „Внатрешен пазар” со скрининг состанокот за Поглавје 9 – „Финансиски услуги”.
Преговарачкиот тим го предводи државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач на Република Северна Македонија со Европската унија, Дрита Абдиу Халили, која во своето воведно обраќање истакна дека земјата успешно го следи патот кон целосна хармонизација со европското законодавство.
Новите закони ќе воспостават јасна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар, што ќе придонесе за неговиот развој и усогласување со законодавството на Европската унија во оваа област, потенцираше државната секретара и заменик главен преговарач на Република Северна Македонија со Европската унија, Дрита Абдиу Халили.
На денешниот скрининг состанок присуствуваше и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој меѓу другото во неговото воведно излагање нагласи дека оваа година ќе се работи максимално за исполнувањето препораките од извештајот, со што ќе се донесе закон за резолуција на банки и имплментација на законодавството, и врз основа на оваа исто така ќе бидат завршени и назначувањата на регулаторното тело за банките, правилно справување и спречување на нерегистрираните и неосигурените возила, и ќе се продолжи со заштитата на потрошувачите заедно со формирањето на финансиски Народен правобранител.
„Ќе ги катализираме напорите нагласени во извештајот во делот за развивање на одредбите за резолуција на банките во согласност со рамката на ЕУ, со посебен акцент на Директивата за закрепнување и разрешување на банките. Законот за осигурување на депозити ќе биде изменет за да се подобри осигурувањето на депозитите и да се одговори на загриженоста на Уставниот суд во неговата одлука од јули 2021 година. Нашата централна банка веќе и посвети дел на нејзината веб-страница на правата на потрошувачите заедно со правилното споделување информации за да се избегнат нефер банкарски практики“, посочи Битиќи.
Работната група за оваа поглавје гo сочинуваат следните институции: Министерство за финансии, Народна банка на Република Северна Македонија, Фонд за осигурување на депозити, Комисија за хартии од вредност, Агенција на суперревизија за осигурување и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Во европското законодавство финансиските услуги се од големо значење за правилното функционирање на внатрешниот пазар на Европската унија како еден од темелите на европската интеграција. Оваа поглавје ги вклучува следните области: банкарството, осигурувањето, хартии од вредност, инвестициски фондови, финансиски пазари, платните системи. Правната рамка во ова поглавје ги опфаќа правилата за издавање на оперативно и надзорно работење на финансиските институции кои треба да обезбедат стабилен, безбеден и ефикасен финансиски пазар.
Презентациите за Поглавје 9, „Финансиски услуги“, ќе продолжат и утре, во среда и четврток за Поглавје 28, „Заштита на потрошувачи и јавно здравје„ и во петок ќе се одржи билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници”.