Во Истанбул запленети рекордни 212 килограми чист кокаин

Сподели

Турската полиција заплени 212 килограми чист кокаин на бродот во истанбулското пристаниште Амбарли, јавува Anadolu Agency (AA).

Врз основа на разнузнавачки сознанија, припадниците на турската полиција изведоа претрес во еден брод на пристаништето Амбари и запленија 212 килограми кокаин.

Запленети се 212 килограми чист кокаин, а во тек е потрага за осомничените.