Учесниците во „Шарената револуција“ ќе собираат финансиска помош во кафе-барот „Излет“ од 13 часот до 1 часот по полноќ, за, како што велат, да дадат „поддршка за нивните соброци кои се соочуваат со прекршочни и кривични пријави, за кои режимот подготвува високи казни“.
– Ако нивното оружје се стравот и казните, тогаш нашето се солидарноста и другарството. Нема да дозволиме нашите соборци сами да ги плаќаат неправедните казни. Нема да дозволиме да бидеме заплашувани на овој начин. Како што досега сложно, рамо до рамо протестиравме, така и сега сложно ќе ги платиме казните – се вели на фејсбук-страницата на „Шарената револуција“.
Тие ги повикуваат граѓаните да помогнат во споделување на финансискиот товар со кој, како што велат, режимот сака да ги потисне.
– Да донираме, секој со своите можности и преку солидарноста да им покажеме колку ќе биде тешко да нè скршат – апелираат тие.
Денеска во Скопје нема да се одржи протест, а ќе се протестира во Струмица, Радовиш, Валандово, Охрид и во Прилеп.
Во кафе-барот „Излет“ ќе се собира помош за казнетите демонстранти