Во КИЦ изложба на Дарко Аницин “ЦРНО-ШАРЕНО”

Сподели

 

Во КИЦ, во изложбениот салон – Империјал 2, отворена е изложбата на цртежи насловена “ЦРНО – ШАРЕНО” од ликовниот уметник ДАРКО АНИЦИН.

Изложбата ќе биде отворена до 10 јуни, а посетителите треба да се придржуваат на новите протоколи за работа – задолжително носење маска при влез во КИЦ и одржување дистанца од другите посетители.