ВО МИНХЕН ДЕНЕСКА ПОЧНА 183.ОКТОБЕРФЕСТ

Сподели

oktoberfest2016_v2

Од денеска 17 септември започнува традиционалниот 183. Октоберфест во Минхен, најголемиот фестивал на пивото и ќе трае се` до 03 октомври. Се очекуваат околу шест милиони посетители од целиот свет.

Фестивалот ќе се празнува во 14 големи и многу мали шатори и ќе се слави непрекинато. Постојани придружници: переци, колбаси и пиво.

Октоберфест оваа година ќе се одвива под зајакнати безбедносни мерки, по нападите од последните месеци. Баварскиот премиер Хорст Зехофер од овој Октоберфест очекува:

„Да остане радосен, како што е на овој прв ден, да биде мирен, сметаме дека ќе биде така, и во наредните денови да имаме подобро време.“