“Во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол. Резултатите се очекуваат во следните два часа, за што веднаш ќе ја известиме јавноста” – соопштуваат од министерство за здравство.