Како дел од големата турнеја по Македонија и Албанија, како и неговата земја, во Охрид беше претставен творечкиот опус на Валерио Орлиќ, истакнат поет од Хрватска.
Настанот беше во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, при што беше промовира и неговата најнова збирка поезија “Љубов распослана по морето”.
За поетското создавање, пред љубителите на поезијата, како и поети од Охрид и Струга, говореше Веле Митаноски, новинар, публицист и поет од Охрид.
-Некои се Господари на прстените, но нашиот себествојствен Валерио е “Господар на своето време” (истоимена збирка од 2003-та година) на својот стих. Тој може да живее и во државната метропола Загреб, но Ријека му “више паше”. Од Риека помалку се гледа, како политички подобните, воопшто и во литературата, незаслужено профитираат, не сака да биде дел од таа “непотистичка пајакова мрежа”. За уметноста се живее – од уметноста не се живее, рече Митаноски.
Поетите често пеат и сонуваат за слободата. Поетиоте не признаваат окови. На вистинските поети, поезијата им доага како дух на животот. Орлиќ низ песните е во потрага по својот душевен мир, неговата слобода е исконска и поетски вдахновена, додаде Митаноски.
Покрај во Охрид, Орлиќ ќе биде претставен и во Битола на 31 мај, а во меѓувреме, ќе учествува на поетскиот фестивал “Поетски вечери” во Корча Албанија, од 28 мај.
Орлиќ е добитник на низа домашни и мегународни признанија за неговиот придонес во книжевноста во Хрватска, Македонија, Италија, Словенија, Србија, Бугарија, Полска, Унгарија и други земји. Меѓудругите и на Меѓународната награда „Хомер“ за придонес во европската и светската книжевност – Брисел, 2018. Од 2018 година го носи признанието “Витез на светската поезија”. Кај нас на „Балканската награда за поезија“ на 46-ите Караманови средби во Радовиш (2019), како и на „ Струшко слово“ Струга, 2015 и „Слово“ Битола, 2016.
Орлиќ е основач и почесен претседател на Хрватското книжевно друштво, почесен член на Здружението на независните писатели на Бугарија, на Националната инија на писателите на Украина, како и на Академија Презент од Скопје, Македонија.
Покрај во Скопје, Охрид и Битола, Орлиќ беше специјален гостин на чествувањето на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, мегу етничките Македонци во Албанија, при што беа одржани низа промоции на книги и поетски читања од страна на автори од Македонија и Албанија.
Милчо Јованоски