За денеска се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“. Во 20 часот, во паркот „Ибни Пајко“, познатиот музичар Мартин Мила ќе одржи едночасовен концерт, а во 21 часот, на истата локација, настап ќе има квартетот Agni Avshar.
Нивните настапи ќе бидат стримувани на: фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на Youtube каналот на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw
За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/
Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:
- Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
- Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.