ИСТАНБУЛ (АА) – По налогот на Главното републиканско обвинителство во Истанбул, во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, во Турција се приведени четири лица, меѓу кои и некогашниот шеф на полицијата на Истанбул, Хусеин Чапкин, јавува Anadolu Agency (AA).
На основа на стекнатите нови докази, обвинителството во Истанбул нареди приведување на четири лица, меѓу кои се и општински градоначалници.
Полицијата го приведе Капкин во Измир, во западниот дел на Турција.
Во рамките на истрагата, претходно во притвор се задржани 12 лица. Меѓу нив се наоѓа и поранешниот гувернер на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу.