Во рамките на истрагата за ФЕТО приведенo 121 лице

Сподели

thumbs_b_c_339c2fb84fbf3b2293b6de4dea113fe1

ИСТАНБУЛ (АА) – Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, Републичкото јавно обвинителство Анадолија донесе одлука за приведување на 121 лице, меѓу кои се раководителите и членовите на здружението „Кимсе јок му“, коешто порано беше затворено. Продолжуваат претресите на адресите на осомничените во 18 населби на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на истрагата на Бирото за истражување за финансиски криминал и шверц, Републичкото јавно обвинителство Анадолија издаде наредба за приведување на 121 лице меѓу кои се наоѓа и Исмаил Џинѓоз, претседателот на здружението „Кимсе јок му“ коешто претходно во рамките на вонредната состојба беше затворно со декрет.

Во рамките на одлуката за судот, тимовите на Дирекцијата за финансиски криминал на Истанбул изведуваат операција во 18 населби во Истанбул во којашто се пребаруваат утврдените адреси на осомничените.

Истрагата е отворена под обвинение дека раководителите на здружението на нелегален начин ги пренесувале надвор од државата финансиските средства што биле собрани за Курбан Бајрам. Против осомничените е отворена кривична постапка за „членување во вооружена терористичка организација“, „спротивставување на Законот за спречување на финансирањето тероризам“, „перење пари добиени на криминален начин“, како и за „спротивставување на Законот за здруженија“.