Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече се вкупно 303 мерки.
Педесет и три санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 156 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, 20 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се 8 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 4 санкции за возач почетник, 3 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.