Во Струга ќе биде отворена изложба на Софија Грабулоска

Сподели

На театарската сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, на 12 октомври со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Трага на нематеријалното“ од Софија Грабулоска.

Проектот „Трага на нематеријалното“ го истражува пресекот меѓу традиционалната и дигиталната уметност, претставувајќи осум големи апстрактни цртежи на театарска сцена.

Софија Грабулоска (1981, Прилеп, Македонија) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што магистрирала на отсекот за вајарство и 3D-печатење. Низ својата уметничка кариера, учествувала на многубројни изложби во државава и во странство, и тоа во: Германија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, САД и Хрватска.