Во тек е санација на оштетениот плочник на улица Македонија

Сподели

 

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на санација на плочникот на улица Македонија.
 
Активностите кои што тиe ги изведуваат при санирањето на оштетените плочи се на потегот од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до крстосницата со улица Даме Груев.
 
По целиот овој потег на улицата Македонија се врши отстранување на оштетените и пропаднати плочи, рамнење на подлогата и повторно враќање подредување на плочите.
 
Во текот на вчерашниот ден екипите го санираа просторот околу споменикот на „Цар Самоил“ и денес продолжуваат на санација на останатата оштетена површина од улицата, со цел безбедно движење на пешаците во центарот на градот.