Во тек е инспекциски надзор на ДСЗИ во УК за гинекологија

Сподели

 

Во тек инспекциски надзор на ДСЗИ на Гинекологија, информираат Министерството за здравство.

“Во врска со случајот со родилката која скокна од прозор на УК за гинекологија, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана”, се вели во соопштението.