Во Украина и Белорусија се одбележува 32. годишнината од Чернобил

Сподели

Украина ја одбележува 32. годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил со комеморативна служба и серија настани. Во главниот град на Украина, Киев стотици луѓе излегоа на марш на полноќ до Меморијалниот рид на хероите на Чернобил каде положија цвеќе и запалија свеќи.

Претседателот Петро Порошенкона Фејсбук напиша дека Чернобил засекогаш ќе остане отворена рана за нив. Во соседна Белорусија во организација на опозицијата исто така ќе се одржи марш по името „Патот до Чернобил“.

РСЕ