Во земјотресот во Индонезија загинаа 436 лица

Сподели

Во земјотресот со јачина од 7 степени, што во неделата го погоди островот Ломбок, во Индонезија, загинаа најмалку 436 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Гласноговорникот на Националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, потврди дека бројот на мртвите е зголемен на 436 лица.

„По разорниот земјотрес“, нагласи Нугрохо, „забележани се 543 последователни потреси“.

Се претпоставува дека материјалната штета предизвикана од земјотресот изнесува околу 342 милиони долари.

Тој во саботата соопшти дека во земјотресот се оштетени 67.875 куќи, 468 училишта, 6 мостови, 15 џамии, 50 месџиди, 3 болници, 10 клиники и 20 канцелариски згради.

Ломбок на 29 јули го погоди земјотрес со јачина од 6,4 степени. Загинаа 16 лица. Истото подрачје на 5 август го погоди нов земјотрес со јачина од 7 степени, додека во четвртокот беше погоден од уште еден земјотрес со јачина од 6,2 степени.