Во знак на солидарност за нападнатите колеги, повеќето медиуми нема да известуваат од протестите

Сподели

Во знак на протест поради нападот врз колегите од порталот А1он, но и заради континуираните вербални напади врз сите новинарски екипи, Либертас, Плусинфо, Мета, А1ОН и повеќето медиуми, нема да известуваат за денешните протести, ниту во Скопје, ниту од другите градови.

-Доколку на протестите се случат насилства и нови напади, за тие настани ќе ја известиме јавноста, но говорите и пораките од протестите целосно ќе ги игнорираме, објавуваат медиумите.

 -Ова го правиме уште повеќе затоа што организаторите на протестите не изразија жалење за нападот врз новинарската екипа на А1он, ниту пак ветија дека ќе сторат се за идната безбедноста на екипите и на известувачите.

-Истовремено сакаме да ги повикаме учесниците, а особено Министерството за внатрешни работи, Владата и организаторите на протестите, да ја преземат и да ја прифатат одговорноста за досегашните и за сите идни инциденти. Укажуваме дека во ваква ситуација нема место за алиби-изјави од типот „не може да гарантира мир“, кои само ги потврдуваат заканите за неистомислениците и ја потпалуваат атмосферата.