Во тек е голема потера по лицето кое уби тројца и повреди 13 други на Божиќен пазар во центарот на Стразбур, Франција.
Француските официјални лица распоредија стотици безбедносни сили во потрага по осомничениот кој вчера избега од пазарот, кусо по пукањето, – пренесе VOA.
Франција соопшти дека безбедносната закана за државата е зголемена, и ги засили граничните контроли.
Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер отпатува во Стразбур да отвори истрага за терористички напад, иако мотивот на лицето што пукаше се` уште не е познат.
Властите го идентификуваа 29-годишниот Чериф Чекат како осмничен за нападот, и соопшти дека тој бил на листата на сомнителни ектремисти.
Полицијата вчера отиде во неговиот дом, но, тој не бил пронајден таму.
Страсбург е седиште на Европскиот парламент, кој привремено беше затворен, како последица на пукањето.