Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна

Сподели

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.01.2024 до 12.01.2024 зема 155 примероци за физичко-хемиска и 155 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

 

 

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).