Воениот камп во Охрид ги отвори вратите за граѓаните поради земјотресите

Сподели

Капацитетите на воениот камп „Васко Карангелески“ во Свети Наум, Охрид, се отворени за сместување на граѓаните вознемирени од серијата земјотреси што го зафатија градот и околината во последните две недели, објави Министерството за одбрана.

„Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на овој начин одговори на повиците на граѓаните упатени до неа преку социјалните медиуми, да се отворат вратите на воениот камп, бидејќи таму граѓаните би се чувствувале побезбедни“, соопштија од Министерството.

Вратите на кампот, наведуваат од МОН, се отворени за граѓаните кои имаат штета од досегашните потреси и чувствуваат потреба да се засолнат во воениот камп додека тлото во Охрид не се смири.
Пријавите за сместување во кампот може да се направат на телефонскиот број 070403392. Лице за контакт – Ристе Спасовски, раководител на секторот за услуги, туризам, одржување и возен парк во Министерството за одбрана.