Вонредна прогноза за попладнево – Силен ветер, громови, дожд

Сподели

 

Сончево и многу топло со умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Попладне во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло со умерен северозападен ветер. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за локално невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град. T= 38 °C, P= 979 hPa, U= 33 %, V= 5 m/s.