Воздухот и денеска повторно енормно и алармантно загаден

Сподели

Утрово многу високо и високо ниво на загаденост е регистрирано во Скопје на сите мерни станици, во Битола, Кичево и Тетово.

Според податоците на Министерството за животна средина за квалитетот на воздухот, многу високо ниво на ПМ 10 честички има во Центар, Лисиче, Гази Баба и кај Ректоратот. Во Скопје денеска е најавена прва научна конференција за аерозагадувањето на која ќе учетвуваат еколошките здруженија.

Загаденоста на воздухот во Mакедонија e на алармантно ниво. Суспендираните ПМ10 честички достигнаа и до 1.000 микрогранули на метар квадратен од дозволени 50 микрогранули.

Од Институтот соопштуваат дека аерозагадувањето со честички прашина според СЗО е ризик фактор за појава на белодробни, кардиоваскуларни и малигни заболувања. Според анализите на Институтот аерозагадувањето е главен ризик фактор за смрт кај 25 отсто од смртните случаи од срцеви и мозочни удари и кај 4,6 отсто од починатите пациенти со рак на бели дробови, а со решавање на овој проблем бројот на хоспитализации ќе се намали за 300 годишно.

Град Скопје за следната година најави дека ќе потроши 4 милиони евра за борба против загадениот воздух, но сепак тие неодамна признаа дека ефектот од мерките, граѓаните ќе го почувствуваат дури за 10 до 20 години.