Врнежите од снег кои што ги имавме во текот на ноќта понеделник кон вторник продолжуваат и ова утро речиси насекаде во Македонија со и се со слаб интензитет, со исклучок во Гевгелија каде што врнежите од снег преминуваат во врнежи од додж.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно облачно време со повремени и слаби врнежи од дожд и снег, а врнежи од снег се очекуваат над 500 метри надморска висина. Додека пак во крајните јужни и југоисточни предели врнежите ќе бидат од дожд. Треба да напоменеме дека се работи за сосема слаби врнежи кои претежно ќе бидат застапени во утринските и во вечерните часови. Ќе дува доумерен слаб североисточен, источен и југоисточен ветер. Утринските температури од -6 до 1 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до -3 односно до 6 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно време со слаби врнежи од дожд и снег, снег пред се во утринските додека пак врнежи од дожд во вечерните часови. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -2 степени, додека пак максималната дневна до 2 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните 2 дена односно во среда и четврток Македонија ќе биде под влијание на Медитерански циклон кој што ќе услови нестабилно време претежно со врнежи од снег, а врнежи од дожд и снег ќе има само во најтоплите јужни предели. Дневните температури од -4 до 5 степени во среда, односно од -5 до 4 степени во четврток. Во петок и сабота во утринските часови појава на магла која во одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, а во останатите предели ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и студено со пад на температурите. Во петок утринските од -9 до -1 степен а максималните од -3 до 6 степени, додека пак во сабота минималните од -11 до -3 додека пак дневните од -5 до 4 степени.