МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со локален карактер. Во јужните, а особено во југоисточните делови, ќе има услови врнежите да бидат поројни и со појава на грмежи.
Ќе продолжи да дува јужен ветер кој на повеќе места ќе биде засилен, особено вдолж Повардарието и источните делови. Дневните температури ќе бидат во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно. Претпладне со магла и ниска облачност, попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Највисока дневна температура до 14 степени.
Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во среда и четврток кога ќе дојде и до опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег.