ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во ноќните часови засилен јужен ветер. Во крајните западни делови ќе има повремен слаб дожд.

Температурата ќе се движи од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во ноќните часови засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.

Во сабота претпладне ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на нов влажен бран во сабота од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои повисоки места. Од недела под влијание на северно воздушно струење температурите значително ќе опаднат.