ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. По котлините поради појавата на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата или појава на утринска слаба магла.

Утринската температура ќе се движи -2 до 1 степен, а дневната од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до -5, а дневната до 12 степени.

Во четврток ќе се задржи стабилно време. По котлините поради појавата на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата или појава на утринска магла.

Во четврток ќе има извесно зголемување на облачноста главно во западнте подрачја. Во петок ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе има врнежи од снег.

Ќе дува засилен ветер, во петок од јужен, а во сабота попладне од северозападен правец, што до крајот на денот ќе услови заладување.