МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од -1 до 6, а дневната од 5 до 10 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 9 степени.
Во следните два дена ќе се задржи претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои од недела поради спуштање на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.