Утринската температура ќе се движи од 15 до 19, а дневната од 29 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе се движи од 19 до 36 степени.
До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со мaксимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, потоа времето ќе е сончево и понатаму многу топло.