ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во западните делови, попладне е можен краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната температура од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната температура до 26 степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови. Од недела ќе им поголемо наоблачување со услови за краткотраен локален дожд, особено во западните делови на земјава.