ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневната температура ќе се движи од 22 до 31 степен, УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец и дневна температура до 28 Целзиусови степени.

Продолжува период на топло време, во попладневните часови со умерен развој на нестабилна облачност и со локален краткотраен дожд и грмежи. Дневните температури за време на викендов ќе се движат од 22 до 29 степени.