ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните западни и јужни делови од земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17,  дневната од 26 до 32  степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Во наредните два дена во попладневните часови во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во петок и во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок дневните температури ќе бидат во благ пораст.