МАКЕДОНИЈА – Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 16, а дневните ќе бидат од 26 до 33 степени.
Во Скопје исто така претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне со зголемена облачност и со појава на локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 14 до 30 степени.
Утре се очекува облачност уште од претпалдне, а и понатаму ќе е нестабилно во попладневните часови. Од вторник северозападниот ветер ќе преминува кон западен и југозападен, а во среда краткотрајна нестабилност е можна на југот.