ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Попладне се очекува да биде нестабилно со локален дожд, грмежи и појава на град.

Според Управата за хидрометеоролошки работи температурите ќе се движат од 20 до 31 степени.

Во Скопје ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и со грмежи, а не е исклучена и појава на ситен град. Температурата ќе достигне до 26 степени.

До понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Од среда нестабилноста ќе се намали, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.