МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ индексот е 9.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата од 19 до 34 степени.
Во петок и за времен на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.