ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува уште еден тропски ден. Ќе биде претежно сончево и многу топло. Попладне во северозападните како и во североисточните и крајните источни предели појава на локална облачност. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури во благ пораст и ќе се движат од 13 до 22 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 29 односно до 40 степени. УВ индексот и утре ќе има вредност 9. 

СКОПЈЕ – Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло. Ќе дува доумерен слаб југозападен ветер. Утринската температура од 21 степен, додека пак максималната дневна ќе достигне до 39 степени. УВ индекс 9. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во вторник сончево и топло време со благо опаѓање на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени. Во среда претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне во западните, северозападните и северните предели развој на нестабилност која што во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд. Дневните температури ќе го продолжат трендот на опаѓање и ќе се движат од 22 до 33 степени. Во четврток умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и свежо време со максимални температури од 20 до 31 степен. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните, источните и југоисточните предели. Во петок претежно сончево време со појава на локална облачност и дневни температури кои што ќе се движат од 21 до 32 степени.

Weather4all.com.mk