ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде умерено облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје умерено облачно со умерен, а на моменти и засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 12 Целзиусови степени.

Под влијание на студена воздушна маса од север, настапува период на променливо облачно и студено време. Од утре ќе има услови за локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, особено во јужните и западните делови од земјава.

Викендот ќе се случи поголемиот пад на температурите. Минималните ќе се спуштат до -8 со евентуално поместување до 1степен додека на планинските места пак ќе се спушти и до -10.

Максималните дневни ќе се движат од 5 до 14 степени.