ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во северните и источните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Дневните температури ќе се движат од 5 степени во Маврово, Скопје и Берово 7, Крива Паланка 8, Прилеп 10, Охрид 11, Кавадарци 14, Гевгелија 15 степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер со променлив правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 8 до 14 степени.

За сабота прогнозата е сончево со умерена облачност и со појава на магла по котлините и дневни температури од 7 до 12 степени. Времето во недела ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 9 до 14 степени.