МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, во попладневните и во ноќните часови со локални слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засили.
Утринската температура ќе се движи од -4 до 5, а дневната од 3 до 14 степени.
Во Скопје, слично време, Македонија променливо облачно, во попладневните и во ноќните часови со слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засили. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север, во сабота преку денот ќе дува силен североистичен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 км/ч. Дневната температура значиелно ќе се намали, на повеќе места ќе биде за околу 15 степени пониска во однос на денешната.
Во сабота претпладне и околу пладне ќе има локални врнежи.
Во недела времето ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.