ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 1 до 5 степени, а дневната температура од 6  до 17 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 4, а дневната температура до 13 степени.

Од понеделник повторно ќе преовладува стабилно и потопло време со слаб до умерен југозападен ветер.