МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно, во попладневните часови во крајниот југ и југоисток од земјава ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи. Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во следните два дена ќе има зголемена облачност, а во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува и умерен северен ветер, што ќе услови благо опаѓање на дневната температура.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.