ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -2 до 8, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степени.

До понеделник времето ќе се задржи стабилно и топло. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе се намали за од 5 до 8 степени.

Од вторник до четврток ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд на пониските места, а на планините од снег. Температурата во овој период ќе биде во постојано опаѓање, а утрински температури од среда кон викендот во повеќето места ќе бидат околу нулата.