МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 степени, а дневната температура од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 16 степени.
Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса која ќе предизвика пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.