МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно од претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град. Утринската температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а дневната температура ќе се движи од 13 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно од претпладне со локален дежд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната температура ќе достигне до 22 степени.
Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.