МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи, но од пладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 7.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од 19 до 31 стептени.
Во наредните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.